Прво осудениот во Рекет Бојан Јовановски јавно посочи дека милионот на Камчев од изнудениот рекет треба да се бара кај Зоран и Вице Заев, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Го апси ли Заев Камчев за да не пропее за Рекет?! Дали Заев се плаши дека Камчев ќе каже каде завршиле парите од Рекет?!
Се плаши ли Заев дека ќе се потврди сведочењето на Бојам Јовановски – Боки 13, дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви?!
Прикрива ли Заев траги со апсењето на Камчев и кој е планот на врвот на власта за забошотување на криминалите во своите редови?
Дали откако беа фатени во обид за лапање провизија од вакцините, мора и да дефокусираат јавност?!
Времето е се пократко. Заев ќе мора да одговори. Без разлика колку заплашува и шиканира. Каде се парите од Рекет?!
Врвот на октоподот е Зоран Заев, а вистината ќе излезе на виделина. Колку и да се обидуваат да сокријат, бегање од правдата нема да има, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.