Венко Филипче и Зоран Заев заради хир и неспособност ја претворија Македонија во црна КОВИД дупка во Европа. Последни сме по вакцинација, а во врвот по смртноста во светот. И во таква ситуација тие со глава во ѕид водеа внатрепартиски избори, планираа попис и не воведуваа соодветни мерки за заштита на здравјето и животот на граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Скандалот да биде поголем меѓу преписки на социјални мрежи и возење со мотори Филипче им порачува на граѓаните дека нови мерки нема да има, затоа што вирусот е веќе проширен! Мерките, пропратени со јасни протоколи, план и стратегија се неопходни веднаш, затоа што болниците се преполни, илјадници дневно заболуваат, а по 30-тина умираат, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека здравствените власти треба да престанат да одат по умот на Заев и да ја остават политиката на страна, за конечно да почнат со ефективна заштита на граѓаните.

– Одговорност за неспособноста, криминалите и политикантсвото на власта мора да има, додаваат од партијата.