По неколку одлагања пратеникот Павле Богоевски ја закажа собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања за утре во 11 часот. Само една точка е на дневен ред а тоа е одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски врз основа на известувањето од претседателот на Собранието доставено на 15 мај 2019 година.
Груевски кој доби политички азил во Унгарија е повеќе од шест месеци отсутен од државата.Доколку надлежната комисија предложи одземање на мандатот после тоа треба да го потврдат и пратениците на собраниска седница.
Покрај Богоевски кој е претседател на оваа комисија, заменик е Снежана Калевска-Ванчева, а членови пратениците Мирослав Јовановиќ, Александар Кирацовски,Сашо Костов, Агим Шакири, Трајко Вељановски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски и Борис Змејковски.
Comments are closed for this post.