По повод 117-годишнинта од убиството на македонскиот револуционер, икона на македонскиот народ и еден од столбовите на македонската државност, Гоце Делчев, Лидер.мк во три продолженија објавува дел од научниот труд на младиот историчар Никола Минов. Трудот е насловен како „Убиството на Гоце Делчев во странскиот печат од мај-јуни 1903 година“ и е објавен во списанието „Историја“ на Здружението на историчари на Република Македонија.
Извадоците се без никаква интервенција и во светлината на најновите случувања на релација меѓу официјално Скопје и официјална Софија, како насока на размислување од аспект на тврдењата на проф. Денко Малески, кои предизвикаа бура реакции во јавноста.
Во трудот младиот Минов користи текстови од „The Times“, „Evening Post“, „Der Deutsche Correspondent“, амстердамски „De Tijd“, швајцарскиот „La Liberte“, американски „The Spokane Press“.
Во денешното продолжение го пренесуваме извештајот на дописникот на лондонски Daily News, Џон МакДоналд, што тој го испратил на 23 мај 1903 година и важи за еден од дотогаш најтемелните извештаиво западноевропскиот печат за ликотиделото на Гоце Делчев. Дотолку повеќе што тој се темели на контакт со еден од преживеаните учесници во битката кај Баница-Димо Хаџи Димов-и претставува најрана запишана верзија за смртта на Делчев. Написот е подолг, но вреди да се прочита.
Смртта на Делчев, Приказна на еден преживеан масакр на македонски селани
(од нашиот специјален пратеник)
Филипополис, 3 јуни
Во едно претходно писмо ја спомнав смртта на револуционерниот водач Ѓорѓи Делчевидадов неколку подробности за неговата кариера. Колку што знам, досега во весниците беа објавени само неколку неповрзани податоци за битката во која што исчезна (Делчев) и за судбината што ја затече Баница–сцената на битката. Ова што следуваишто ми беше раскажано од еден од преживеаните од четата на Делчев, веројатно претставува толку комплетенидетален приказ на настанот, колку што можешеиби можело во иднина да се добие. Нараторот, Димитри Аџидимов, за прв пат им се придружи на востаниците минатиот јануариистана член на четата на Делчев неколку недели пред смртта на неговиот водач кај Баница.
Четата на Делчев, ми вели тој, не беше боречка чета. Нејзината задача беше да ја крстосува Македонија со единствена и експлицитна цел да ги советува, да ги организираида им врши инспекција на месните револуционерни тела. Во моето претходно писмо истакнав дека само во Македонија има седумдесет и седум востанички окрузи, секој со сопствен комитет. Селото е базата на Организацијата. Окружниот комитет надгледува група селаниво директен допир со врховниот комитет, чиј што раководител беше Делчев. За време на ваква обиколка низ окрузитеиселата, Делчев, ми вели информаторот, настојчиво ги убедуваше лидерите на организацијата, без разлика дали се наоѓаат дома или по планините, да избегнуваат конфликт со Турците, но, воблиска иднина, да бидат подготвени за поинакви наредби. „Ние единствено се ангажиравме“, ми вели, „во надгледување на актуелната состојба на Организацијата, со поглед кон скора промена на нејзините тактики. За оваа цел, требаше да се сретнеме со делегација на водачите од серскиот округ во едно село во близина на Баница. Намерата ни беше да стигнеме во селото на 4 мај. Во Баница застанавме вечерта на 2 (мај) за да се одмориме во текот на ноќта“. Баница е мало село со околу стоипетнаесет куќи, сите бугарски. Се наоѓа на околу два часа марш од Серес, главниот град на санџакот, или под-провинција на Солун.
Изненадени – бегство кон слободата
„Во серскиот округ“, продолжува нараторот, „турските трупи се мошне бројни. Требаше постојано да бидеме на штрек. Кога влеговме во Баница, испративме тројца стражари на оддалечени точки. Верувајќи дека навремено ќе нè предупредат во случај на опасност, полегнавме и заспавме; бевме многу уморни. Бевме само петнаесет души, заедно со Делчев. Се чини дека стражарите биле изненадени, бидејќи не ни испратија никаква порака, па, така, Турците навлегоа во Баница“. Поверојатно објаснување е дека Делчев и неговата чета биле предадени. „Спиевме“, вели Аџидимов, „кога домаќинката на куќата влезе за да ни каже декаселото е сардисано и дека турскиот командант им наредил на сите жители, млади и стари, да го напуштат селото и да се сместат во соседното поле. Јас и дел од соборците се качивме на покривот на куќата. Оттаму можевме да видиме голем број луѓе како се собираат на полето, жените и децата на една, мажите на другата страна. Беа опколени од војници. Можевме да видиме луѓе со вкрстени раце на градите, како да се молат. Добар дел од луѓето сè уште останаа во селото. Претпоставувам дека беа премногу исплашени за да излезат. Додека се криевме во куќата, слушнавме дека турскиот командант ги собрал поповите, учителите, кметот и други првенци и ги праша дали во селото се кријат „комитаџии“. Тие рекоа дека не знаат, а потоа Турците почнаа да ги пребаруваат куќите. Тогаш Делчев и соборците започнаа да размислуваат дали да останат сокриени, или да се обидат веднаш да побегнат. Мнозинството, вклучувајќи го и водачот, се одлучија за ова второто, пред сè бидејќи со тоа биле помали шансите за одмазда кон невините селани.
„Ако треба да се биеме“, рече Делчев, „и ако тоа можеме да го направиме надвор од селото, можеби ќе го спасиме од уништување“. Петнаесетмината успеаја незабележително да стигнат до маргините на селото. Но, додека излегуваа од него, група Турци што чекаа во заседа, запукаа кон нив. Никој не беше погоден. Тогаш четата започна да трча. Турците испалија втор рафал и Делчев падна мртов. Четниците, иако видоа дека бројните Турци им го попречија патот, повторно започнаа да трчаат. По неколку минутно пукање од двете страни, четата, покрај својот водач, загуби уште шестмина. Осумте преживеани повторно се повлекоа кон селото и се сокрија во една плевна во која тивко направија неколку отвори за стрелба.
Битката кај Баница беше првата и последна битка на Делчев. Целата негова кариера во револуционерното движење беше посветена на задачата да организира и да подготвува. Тој не беше борец. Интересен е податокот дека турскиот командант, Тефиков, беше сокласник на Делчев во военото училиште во Софија. Тефиков, бугарски Турчин, служеше во бугарската армија. Таму стана и офицер. Неговото подоцнежно дезертерство во Турција без сомнение е осамен пример. Бугарските Турци во редовите на кнежевската армија секогаш се однесувале примерно. Меѓутоа, веќе никогаш нема да има турски офицери во таа армија.
Колеж на селаните
Осуммината во плевната можеа да го чујат плачот и вресокот на жените од селото. Ѓаволите на Тефиков беа зафатени со нивната вродена дејност. Пред да стигнат до плевната, четниците видоа дека турската војска пука и ги коле селаните собрани на полето. Тие можеа да ги чујат плачот и пукањето.
Димитри Аџидимов претполага дека Турците започнале со масакрот врз двете групи веднаш штом го чуле пукањето во селото. Нараторот продолжува: „Турците не се обидоа да ја преземат нашата позиција. Се обидоа да ја запалат. Но не пробаа тоа самите да го направат. Се плашеа од нашите бомби. Затоа испратија една постара жена со стог сено да ја заврши работата. Плевната веќе беше полна со сено и слама. Штом еднаш започнеше, огнот ќе нè опфатеше за миг. Кутрата старица, мислејќи дека ќе пукаме во неа, се откажа. Турците натераа една помлада жена повторно да се обиде. Јадното суштество беше помеѓу два огна – меѓу нас и нашите пушки и Турците со нивните. Сепак, се обиде, и тоа успешно; потоа побегна. Турците, мислејќи дека бега од опасноста, ја застрелаа додека трчаше. Ја убија и старицата. Видов сè. Прогонети од пламените, стрчавме кон блиската куќа. Се израдувавме дека беше празна. Тоа беше добро построена куќа, погодна да издржи опсада. Веќе беше доцна ноќ. Турците не се впуштија кон нашето ново прибежиште. Но повремено пукаа кон нас. Пукањето во селото продолжи цела ноќ. За сето време го слушавме плачот на селаните што беа масакрирани од војниците. Во два, или во три часот наутро, плачот престана, како веќе да не остана жива душа. А, пред два часот, избувнаа пламени во различни делови на селото. Турците го уништуваа. Доколку ноќта беше мрачна, лесно ќе побегневме. Но светлината од месечината ќе им овозможеше на Турците да нè лоцираат. Тогаш отсјајот од пламените направи селото да свети како да е ден. Но, рано утрото, пред изгрејсонце, додека пламените исчезнуваа, ненадејно потрчавме, фрлајќи притоа бомба кон групата Турци поставена блиску до нашето десно крило. Изгледа бомбата заврши работа, бидејќи турската стрелба престана веднаш штом падна бомбата. Сè уште бевме во селото. Сега, осуммината, се прегрнавме, се збогувавме еден со друг и се заколнавме дека ниту ќе се предадеме, ниту, пак, ќе им паднеме живи во раце на Турците. Се заколнавме дека заедно ќе умреме. Ни останаа уште три бомби. Повторно потрчавме, фрлајќи една, а потоа и уштеедна бомба. Бомбите предизвикаа толкава паника кај Турците, што голем број од нив, наместо да пукаат кон нас, побараа засолниште. Од каде и да им ги чуевме гласовите, се упатувавме на друга страна: на тој начин, ужаснатите војници ни помогнаа во бегството.
„Сите побегнавме неповредени во шумата. Таму најдовме неколку деца од селото, десет или дванаесет, кои ги пасеа овците. Биле испратени во шумата малку време пред Турците да влезат во селото. Кога разбрале дека има Турци, и подоцна кога го виделе чадот од запалените куќи, се исплашиле да се вратат дома. Верувам дека овие деца се единствените преживеани од Баница, село кое што сигурно броеше најмалку седумстотини жители. Јас и моите седум соборци останавме два дена во шумата. Ги зедовме со нас и децата и ги распределивме низ околните села. Шест од нас отидоа во планините за да ѝсе придружат на некоја друга чета. Двајца отидовме во Бугарија – јас, бидејќи здравјето не ми дозволуваше да останам; мојот соборец, бидејќи е осакатен од ревматизам. Тој отседна во Дупница. Јас стигнав во Бугарија преку Демир Хисар, Мелник и Разлог. Организацијата претрпе огромна загуба со смртта на Делчев. Но нејзината работа ќе продолжи сè додека судбината на Македонија не се реши на еден, или на друг начин. Делчев беше извонреден организатор. Но имаме многу мажи, способни да го заземат неговото место. Малку време пред битката кај Баница, Делчев беше во Солун. Европската јавност ја обвинува Организацијата за анархистичките престапи во Солун. Но тоа е неправда. Самиот Делчев и сите ние бевме изненадени и огорчени од нив. Тие ја дискредитираа револуцијата во очите на Европа. Делчев влезе во Солун и се движеше низ градот преправен како патувачки трговец со јајца и овошје. Влезе во градот водејќи го натовареното магаре со една и држејќи кошница со јајца во другата рака. Му плати на ѓумручијата и помина. Верувам дека Македонија набрзо ќе стане сцена на масакри, кои ќе бидат многу поголеми од тоа што досега го посведочивме. Турците го забрзуваат процесот. Малку време по моето бегство разбрав дека турскиот командант на Горно Броди ги повикал жителите да излезат – неколку дена пред уништувањето на Баница – и им рекол дека според султанската наредба, секој маж, женаидете во село каде што се кријат комитаџии, ќе биде усмртен. Горно Броди се наоѓа на околу три часа марш од Баница. Командантот се заколнал во Пророкот дека ќе ја исполни султановата заповед.
Comments are closed for this post.