Денеска требаше да има рочиштеза предметот Меѓународен сојуз но обвинетиот Бојан Јовановски не беше спроведен во судот.

Под изговор на судот дека не е пронајден сведок кој требало да сведочи на денешното рочиште, рочиштето се одложи за 9 декември година.

Јовановски не беше спроведен иако огласно закон судот е должен да го обезбеди присуството на обвинетиот дотолку повеќе што тој се наоѓа во затворска установа.

Алибито на судијата Софче Гаврилова Ефремова која го води овој предмет е надвор од законот. Денешната ситуација фрла сомнеж за намерно опструирање на судската постапка бидејќи Јовановски пред судот почна да ги објавува своите докази кои произлегуваат од неговиот телефон.

Доказите кои ги објавува Јовановски не одат во прилог на власта на Зоран Заев, па затоа и повеќе од очигледно е тенденциозното постапување на судот и спречувањето на Боки 13 да зборува пред судот.

Ова претставува организирана цензура и спречување на  докажување на вистината со факти и аргументи кои се од висок степен на јавен интерес. За потсетување, Јовановски на минатото рочиште бараше изземање на судијката Софче Гаврилова Ефремова, претседателот на кривечен суд Иван Џолев и обвинителката Вилма Русковска.

Боки 13 во своето образложение за изземање посочи дека се работи за судско политичка спрега и го обвини Џолев за барање на корупција вредна 50.000 евра. Барањето не му беше дозволено од страна судечкиот судија, со образложение тоа да го направи во писмена форма, иако Јовановски според законот за кривична постпка тоа може да го стори во вербална форма нотирано на записник. После денешниот случај јасно е зашто Јовановски не беше донесен во судот и дека некому му гори под нозе.