Постои една шега од деведесеттитите години која можеби и не е далеку од вистината и е поврзана со Слободан Милошевиќ. Во време на најголемите медиумските напади против него, предничела агенцијата „Ројтерс“. Популарниот Слобо, незнаејќи за кого станува збор наредил „ухапсите тог Ројтерса“.

Нешто слично може да наредат Зоран Заев и Оливер Спасовски за пожарот во модуларната болница во Тетово.

 

Само што во случајот наместо Ројтерс“, Заев и Спасовски може да наредат да се уапси кабелот во болницата. Да, според извештајот на Јавното обвинителство „Електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрлилатор“ е виновникот за пожарот.

Навистина е нејасно како може Обвинителството да состави ваков извештај во кој нема ниту одговорнот ниту пак посочување на виновници туку се наведува причината како настанал пожарот.

Како настанал пожарот во случајов е од второстепено значење туку поважно е кој дозволил да се ставаат неквалитетни леснозапаливи материјали од кои модуларната болница изгоре како куќа од слама.

Само во еден дел, онака срамежливо Обвинителството посочува дека „во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите / просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот“.

Тоа во превод значи неквалитетна изведба односно дека се штедело на материјал.

После овој извештај, јасно е дека Заев нема да ја прифати оставката на Филипче и дека починатите си се починати и дека како што вели премиерот „животот продолжува“.