а не беше директорот на струмичката болница Наќе Гогов, јавноста во земјава немаше да дознае колку е лоша состојбата со амбулантните возила, а колку функционерите не се штедливи кога станува збор за набавка на службени возила, но и за нивната комоција.
Вкупно 183 амбулантни возила е возниот медицисни парк на земјава, од кои најстарото има поминато 1.000.000 (еден милион) километри.
Но, наспроти вака малиот број на коли за медицински потреби, во земјава има неколку илјади службени автомобили. Тие се наменети за возење на премиери, вицепремиери, министри, градоначалници, секретари, началници, директори…
Истражувањето на Центарот за граѓански комуникациии покажало дека земјава располага со 183 возила за итна помош, од кои најголем број се во Скопје, Охрид и Битола, а просечната старост им е 11 години. Две возила кои се користат во Струга и Отешево, се произведени пред повеќе од 30 години, но се уште со нив се превезуваат пациенти. Повеќе од еден милион килиометри има поминато возилото за итна помош на Здравствениот дом во Кичево. Околу 11 илјади граѓани се опслужуваат со едно амбулатно возило.
Наспроти овој број на амбулантните возила, министерствата и општините располагаат со повеќе од 2.600 службени автомобили, што значи дека на секое 15 службено има едно амбулантно возило.
Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани, знам дека не би требало да се барат донации на ваков начин , меѓутоа заради малиот број на болнички возила, заради тоа што се застарени и често се расипуваат, заради ситуацијата во која се наоѓаме со корона вирусот каде транспортот на пациенти е неколкукратно зголемен – болничките возила се 24 часа вклучени во транспорт на пациенти од нашата болница до клиничките центри и обратно, ние како „ЈЗУ Општа болница – Струмица” имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион, напишал Гогов.
После сите негативни коментари, тој го повлече статусот.
По критиките од опозицијата, реагираше пратеникот Коста Костадиновски од Струмица.
Утре обезбедуваме санитетско комбе за струмичката болница. Ова е дополнително возило од веќе обезбеденото кое го очекуваме до декември, напиша тој на фејсбук.
Тој и вчера прв реагираше и рече дека по објавата на директорот на струмичката болница Наќе Гогов кој бараше донации од граѓаните за амбулантско возило премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче обезбедиле возило за болницата кое ќе стаса за два месеци. Но и денеска имаше негативни коментари за ова, а ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата предлагала амадмани за возила, но дека власта на расправата на ребалансот ги одбила.
Comments are closed for this post.