Директорката на Клиниката за Инфективни болести, д-р. Милена Стевановиќ, во интервју за Радио Слободна Европа предупредува дека едно од црните сценарија секако ќе ја снајде Македонија, во однос на процентот на заразени граѓани со Ковид-19.
Имено, на констатацијата на Светската Банка за развојот на пандемијата дека постојат три сценарија во однос на тоа како се почитуваат мерките, а тоа се дека 25 проценти од македонското население ќе се зарази со ковид-19, второто е дека ќе се зарази 50 проценти, и третото, најцрното, односно можноста да се зарази 80 проценти од населението доколку не се користат мерки за ублажување, д-р. Стевановиќ вели:
Секако ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио од која било категорија нема да ни избега, мораме да се вратиме на однесувањето и на зборувањето за да не се случат овие црни сценарија. А тоа е навистина толку многу пати повторено на сите различни нивоа, во смисла да се допре до сите различни таргет цели за примена на овие препораки и информации. Веројатно бројката на луѓе кои ќе имаат сериозна потреба од медицинско-болничко лекување ќе стигне до секој еден, кога некој ваш близок ќе дојде да има потреба од болница, од сериозно лекување, кога нивниот живот ќе биде во ризик, тогаш вербата и ќе стигне. Но страшно е ако го дозволиме тоа навистина ќе почнеме да ја губиме сериозно битката со ковид, не смееме да дозволиме вакви драстични, лични и емотивни случувања да ни бидат расветлување, разбистрување на свеста и стигање на информацијата, сето тоа може да биде многу полесно, вели во интервјуто за РСЕ, директорката на Инфективната клиника, Стевановиќ.
Comments are closed for this post.