Заменик министерот за здравство, д-р Илир Хасани, денеска претпладне како поканет учесник во утринската емисија на Топ-чанел од Албанија рече дека откривањето на мутираниот вирус од британскиот сој во Македонија засега не влијае на забрзан раст на бројот на позитивни случаи од Ковид-19.
По откривањето на случај на британската мутација на Ковид-19, кој сега официјално го има во Македонија, Хасани рече дека за властите е многу загрижувачки случај и момент, но досега нема промена во кривата на инфекцијата.
Многу вознемирувачки случај, тој е многу вознемирувачки момент како и за сите други земји. Ние го идентификувавме во лабораторија. Во моментов не видовме никаква промена во бројот на случаи, но со оглед на тоа што е попренослива, треба да бидеме подготвени за зголемување на кривата“, рече заменик-министерот за здравство.
Понатаму тој додава дека епидемиолошката состојба во Македонија во моментов е стабилна.
Се надеваме дека ќе остане така. Одлуките за ограничувањата се донесени врз основа на епидемиолошката состојба, односно не само поради извештаите за новата мутација на Ковид-19 “рече Хасани.
Comments are closed for this post.