Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на клучните мерки од Програмата што се во интерес на државата и граѓаните, вели Влатко Цветковски, советник од редовите на СДСМ, општина Ѓорче Петров
Обезбедени се 500 милиони евра, средства за изградба на Клиничкиот центар кој ќе се гради на територија на општина Ѓорче Петров. Станува збор за најголема гринфилд инвестиција во македонското здравство. По повеќе од 80 години, Скопје добива нов, модерен клинички центар. Според информациите на Министерството за здравство во наредниот период ќе биде распишан тендер во кој во пакет ќе бидат вклучени проектот, изградбата, опремата и обуката на персоналот, вели Цветковски.
Новиот Клинички центар кој ќе биде сместен на локацијата Веле Поле во Ѓорче Петров ќе се гради на површина од 105.000 квадратни метри и ќе пружа интегрирани здравствени услуги за сите граѓани.
Comments are closed for this post.