По статусот на Никола Димитров, во кој актуелниот министер во обид да се огради од случајот „Рекет“ и од Бојан Јовановски, напиша дека бојкотот на референдумот имаше иста цел – да се факторизираат пратениците, за да се тргува со одговорноста, Ганка Цветанова преку својот профил на „Твитер“ јавно постави неколку прашања за актуелниот министер за надворешни работи.
Дали во патетичниот обид да се дистанцира од „Рекет“, кога Никола Димитров вели: „Бојкотот на референдумот имаше иста цел, да се факторизираат пратениците за да се тргува со одговорноста” – мисли на отфрлање на кривичната на една од пратеничките за СК 2014 од страна на СЈО? Дали Катица Јанева е сѐ уште на слобода бидејќи се заканува дека ќе проговори за тоа како со помош на СЈО биле уценувани дел пратениците за да гласаат за промена на името, Уставот и историјата на Република Македонија?, пишува Цветанова.
Поранешната министерка за култура прашува и дали признанието од страна на Никола Димитров дека имало некакво тргување со одговорноста на пратениците, ќе доведе до ново сценарио?
Дали после признанието на Никола Димитров во кое кажува дека со пратениците се тргувало за промена на името и Уставот на Македонија, истиот ќе биде повикан на распит да даде изјава? Дали ќе има официјална истрага? Дали е ова вовед во поништување на Преспанскиот договор?, прашува Цветанова.
Дали после признанието на @Dimitrov_Nikola во кое кажува дека со пратениците се тргувало за промена на името и Уставот на #Македонија, истиот ќе биде повикан на распит да даде изјава? Дали ќе има официјална истрага? Дали е ова вовед во поништување на #ПреспанскиотДоговор? https://t.co/83ETZs2sGB
— Ganka Cvetanova (@gankacv) August 19, 2019
Comments are closed for this post.