Грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој се наоѓа на официјална посета на Москва, изрази надеж дека од сега па натаму голем број земји во светот, вклучувајќи ја и Русија, „ќе престанат да ја признаваат соседната земја под нејзиното денешно уставно име и ќе ја стават географската одредница Северна Македонија“.
Во интервју за руската емисија „Formula of Power“, Ципрас изјави дека Грција има многу важен договор со северните соседи, договор што се однесува на перспективата на соработка и мир во регионот.
Сметам дека овој договор е историски чекор, што за Грција воопшто не е поврзан со изборот на соседите дали ќе влезат во некоја меѓународна организација или не. Тој е поврзан со решавањето на едно историско нерешено прашање во однос на името на соседот, што верувам дека од сега па натаму ќе се промени и ќе им овозможи на голем број земји во светот, вклучувајќи ја и Русија, да престанат да ја признаваат под нејзиното денешно уставно име, односно името Република Македонија, туку ќе ја стават географската одредница Северна Македонија, затоа што Македонија за нас е многу важен елемент на нашето античко-грчко, културно наследство и култура, па така, тука треба да постои јасна и искрена поделба. За мене ова е еден важен чекор, вели Ципрас во интервјуто.
Грчкиот премиер потенцира дека не само што Грција излегла од кризата, туку дека „земјата ја надградила нејзината геополитичка улога во регионот како сила на стабилност, безбедност и соработка“.
Comments are closed for this post.