Честитки за визијата и храброста при гласањето за Преспанскиот договор, добија осумтемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од грчкиот Премиер, Алексис Ципрас, со кого остварија средба во Собранието.

Од своја страна, осумтемина пратеници на Ципрас му ги пренеле своите очекувања за грчка поддршка во евроатланската интеграција на нашата држава.