Четири лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа кај планински превој „Стража“. Во несреќата учествувале патничко моторно возило „Опел“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од 27-годишниот Х.С. од Тетово и патничко моторно возило „Киа Спортаж“, со скопски регистерски ознаки, управувано од 54-годишниот С.П. од Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачите Х.С. и С.П., како и 49-годишната сопатничка од „Киата“ Б.П. и сопатникот од другото возило, 57-годишниот Б.С.

По незгодата четворица повредени со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им е укажана лекарска помош, по што биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што соопштија од МВР, извршен е увид на местото на настанот.