По повод 148-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, невладиата организација „Нѐ има“ во Прилеп организираше чествување собирајќи ги Македонците од соседните земји.

Според Илија Богатиновски, претседател на „Нѐ има“, прашањето за правата на македонските малцинства во соседните земји почнува со оптимистичките настојувања во Албанија, каде што утре во Парламентот ќе се дебатира за нив.

-Ние сакаме да му оддадеме почит на големиот македонски револуционер Гоце Делчев. Ја одбележуваме 148-годишнината од неговото раѓање, во организација на граѓанската иницијатив за културна национална и за економска интеграција на македонскиот народ. Целта е да го нагласиме значењето на делото на Делчев и, воедно, да разговаараме за правата на македонскиот народ во соседните држави, рече Богатиновски на 19-тото чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Богатиновски нагласи дека ја слушнале, како што рече, провокацијата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов вчера во Битола за тоа чиј е Гоце Делчев.

-Ја слушнавме изјавата на Каракачнов. Имаме преку 60 истражувачи кои ја анализираат улогата на Гоце Делчев во еманципацијата на македонската држава. Во работата на Гоце Делчев провејуваат заклучоците за самостојна Македонија, рече Богатиновски.