Честитка од претседателот Пендаровски за Националниот ден на Власите

23.05.2022 / 10:39


Претседателот Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во Република С. Македонија.

Почитувани сограѓани,

Ми претставува особена чест и задоволство да ви го честитам 23 Мај, Националниот ден на Власите, и најискрено да ви посакам празникот да го минете во добро здравје и во пријатно расположение, споделувајќи радост и добра мисла со вашите најблиски.

Пред 117 години на 23 мај, со декретот на султанот Абдул Хамид, во рамките на Отоманската Империја, беа признаени националните права на Власите. Со тоа се отвори можност за образование на мајчин јазик, што е еден од столбовите на националниот и на културниот идентитет на секој народ. Среќни сме што во нашата заедничка татковина припадниците на влашката заедница, како и на другите етнички заедници, ги имаат сите можности за зачувување и за зајакнување на својот јазичен и културен идентитет. Со своите традиции, култура и фолклор, Власите суштински го збогатуваат нашето мултикултурно и мултиетничко општество.

Почитувани,

Здравствените, економските, социјалните и безбедносните предизвици и проблеми со коишто се соочува целиот свет можеме да ги надминеме само со заедништво, сплотеност и со солидарност. Да си подадеме рака и да си бидеме постојана поддршка едни на други и одговорно и посветено да придонесуваме за развојот и за напредокот на Република Северна Македонија, како и за благосостојбата на секој наш сограѓанин.

Нека ни е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите, стои во неговата честитка.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Скопје мириса на шампон (ФОТО)

пред 1 час
Македонија

Од вторник подгответе се за обилни врнежи

пред 1 час
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Талогот од СДСМ да се навикне на нормалното и редовно функционирање на институции

пред 2 часа
Македонија

Taчи тврди дека УДБА стоела зад идејата за поделба на Македонија

пред 22 часа
Македонија

Мицкоски: За водата во Скопје опозицијата се обиде да создаде хистерија, за водата во Гостивар Владата не е одговорна, напротив – таа помогна

пред 1 ден
Македонија

Груби може на 14 октомври да биде на слобода!?

пред 1 ден
Македонија

Али Ахмети го откри планот за поделба на Македонија: Зајас ќе бил под Албанија, но не и Скопје, Куманово, Прилеп и Кичево (ВИДЕО)

пред 2 дена
Македонија

Го препознавате ли овој талог? Беш амбасадор на „диво“ и член на управен одбор на болница што не постои

пред 2 дена
Македонија

Голема меѓународна полициска акција: Разбиена криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

пред 2 дена
Македонија

Водата во Гоствар е безбедна за пиење

пред 2 дена
Jojobet GirişbetciobetciojojobetjojobetbetciobetcioJojobetjojobetgrandpashabetganobetcasibompusulabetbetcioCasibomAnkara escortAnkara escortparmabet girişEscortes BelgiqueHoliganbetMariobetgrandpashabetMarsbahisholiganbetcasibomJojobet Girişacasibom orjinaljojobet girişcasibom