Разрешениот директор на техника во М-НАВ, Климент Чепуњоски, се огласи со реакција по прес конференција на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој го обвинува Чепуњоски за несовесност во вршење во службата и дека е заслужен за објавувањето на аудио снимката каде се разговара за спорниот тендер. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:
Почитувани, во последните неколку дена, а особено на прес-конференција за печат, г-дин Рашковски изнесе цела низа на неосновани и невистинити обвинувања против мене. Во насока на одбрана на мојата чест, углед и достоинство, а особено мирот на моето семејство, фактите и аргументите кои ги побиваат тврдењата на г-дин Рашковски ќе ги изнесам пред надлежните органи, вели Чепуњоски во реакцијата, објави ТВ24.
Comments are closed for this post.