Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски денеска поднел оставка во болницата на Жан Митрев.

Неофицијално, Чадиковски и тимот доктори од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кои на почетокот на годинава се префрлија во приватна болница „Жан Митрев“ , биле разочарани поради неисполнување на условите кои биле ветувани со склучување на договорот.

Операциите на деца во болницата на Жан Митрев беа целосно покриени од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).

Клиниката „Жан Митрев“ беше избрана како најдобра таму да се пресели детската кардиохуирургија . Заедно со Чадиковски заминаа и други четворица доктори, двајца анестезиолози и три сестри.

Неофицијално од болницата на Жан Митрев ќе заминат и останатите членови од тимот.