Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ќе го претстави Централниот регистар на население што од денеска ќе биде пуштен во употреба.
Централниот регистaр на население претставува единствена база во која ќе се чуваат реални податоци во однос на населението во Република Северна Македонија. Податоците во базата ќе се црпат од повеќе институции – МВР, Министерството за правда-Управата за водење на матичните книги и Централниот регистар.
Со Централниот регистaр на население се утврдува унифициран и единствен начин на водење на поединечните бази на податоци, врз основа на утврдени стандарди и процедури. Регистарот за населението обезбедува пристап до јавните услуги обезбедени од страна на надлежните органи и други лица.
Comments are closed for this post.