Дали е вистина дека директорката на Централниот регистар си донела Колективен договор во кој имплементирала одредби со која си дозволува вработувања согласно Закон за работни односи. Објавувајќи го огласот за новите партиски војници на СДСМ таа врши противзаконско вработување ставајќи го Колективниот договор над Законот. Ваквите и слични начини на вработување се дел од кампањата на СДСМ за партизирање на институциите од јавниот сектор, прашува Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.