Утрово нешто пред 6 часот е целосно изгаснат пожарот што синоќа избувна кај Катланово.
Како што соопштија од Противпожарната бригада на Скопје Во гаснењето учествуваа десет возила и 22 пожарникари, а на терен било испратено и едно возило од рафинеријата „ОКТА“, да им помогне на пожарникарите.
Според командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, со пожарот чие гаснење траеше во текот на ноќта, била зафатена голема површина нискостеблеста шума, а огнот почнал да се шити и кон повисоките делови каде има борова шума.
Пожарот избувна пред 20 часот вчеравечер, а од страна на скопската Пожарна беше лоциран над бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје.
Comments are closed for this post.