Реформите што се прават во социјалната сфера за намалување и искоренување на сиромаштијата треба да бидат темелни и одржливи, направени согласно барањата и потребите на сиромашните или лицата во ризик од сиромаштија. Тие треба да добиваат повеќе средства за помош и поддршка, но и да се интегрираат во општеството и пазарот на труд. Само така ќе се овозможи тие да излезат од состојбата во која се нашле.
Ова го истакна министерката за труд и слоцијална политика, Мила Царовска, која учествуваше на јавна дискусија на тема „Граѓаните проверуваат дали новите закони се отпорни на сиромаштија“ по повод Светскиот ден во борба против сиромаштијата.
Една од главните реформи е воведувањето на програмата за гарантиран минимален приход, што ќе гарантира финансиска поддршка за сите лица што живеат под линијата на сиромаштија. Со реформата овие лица ќе имаат доволен приход за да живеат на еден подостоинствен начин и да учествуваат целосно во општеството, но и ќе се работи на нивно оспособување за трајни вработувања. Се бориме и против детската сиромаштија, бидејќи секое дете ни е важно. Воведуваме детски и образовен додаток, а право на овие надоместоци освен корисниците на гарантираниот минимален приход ќе имаат и домаќинствата со минимални приходи, рече министерката Царовска.
Comments are closed for this post.