На долгиот список сметени директори и членови на управни одбори именувани од извршната власт што денеска на прес-конференција во Вадата таксативно ги наброја премиерот Зоран Заев се најде и првиот човек на Скопската царинарница, Златко Кофиловски.

За првиот скопски цариник се чу во јавноста во март-април минатата година, кога јавноста бараше одговoри кој му ја скина казната на Боки 13, кој беше во шверц на лусузни чевли, за што требаше да плати 15.000 евра.

Дали Заев го смете првиот скопски цариник Златко Кофиловски поради Боки 13, прашува Република.

Боки 13, како што објавуваа медиумите, лани бил фатен на скопскиот аеродром во шверц на 19 парчиња луксузна гардероба. Тој долетал со авион од Виена, но не пријавил ништо за царинење, а во куферите имал луксузни парчиња гардероба и обувки.