Советот на општина Гази Баба денеска ќе одржи седница на која на дневен ред ќе биде објектот Космос на Фиат Цаноски.

Конкретно, намерата на општината е на Цаноски споротивно на ДУП-от да му се даде пренамена на 1449 метри квадратни метри од паркинг во деловен простор во тек на градба што е недозволиво.

Ако се знае дека паркинг се продава по просечна цена од 250 евра за квадрат а деловен простор за 1500, профитот кој би го направил Цаноски е околу 1.880000 евра.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница ќе повикаат до Антикорупциската комисија и Обвинителството да реагирааат на овие злоупотреби од страна на општина Гази Баба.

Оттаму велат дека е очигледно оти градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски преку измени во тек на градба да го легализира објектот на коалицискиот партнер на власта.