Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми по исказот даден во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, изјави дека немал притисоци за тоа што да каже пред обвинителката Русковска.
Јас дојдов и дадов изјава во својство на сведок за „Рекет” во врска со истрагата за „Поштенска банка” која ја води Обвинителството. Ја кажав вистината, ги дадов сите информации. Верувам дека мојот исказ ќе даде придонес за развој на истрагата”, рече Рустеми по завршување на распитот во ОЈО за случајот „Рекет”.
Рустеми додаде дека доколку чувствувал било какво влијание од Јанева за неговото сведочење за „Рекет”, тој ќе го пријавел тоа.
Comments are closed for this post.