Терминот го измисли еден американски новинар и тој во буквален превод значи „зафркни ги на гласање“ (ФЈАВ), пишува во коментар за „Тесалоники њуз“, Христос Николаидис пишувајќи за референдумот во Македонија. Тој истакнува дека смислата на паролата на Американецот е дека пред гласачките кутии народот гласа спротивно од тоа што елитите му кажуваат како да гласа.
„Ова е бунт на обичните граѓани преку нивното единствено преостанато оружје. Тие гласаат негативно, со обвинување и гнев, иако тоа е спротивно на интересите на земјата, па од таму и нивен. ФЈАВ го искажаа Американците и го избраа Трамп, наскоро потоа Британците го почнаа Брегзитот, Италијанците го избркаа Матео Ренци.
Многу јасно, уште еден ФЈАВ имаше во Скопје! Во изминатите две недели целиот Запад дојде во таа мала земја со закани до нив дека ако не гласаат „за“ ќе се соочат со несогледливи последици. Буш, Макрон, Меркел, Столтенберг, Туск…и ногу други се заканија со прстот покажувајќи кон луѓето со мало искуство во демократски процеси. Па, дури и со слабо чувство за компромис“, пишува Николаидис.
Во колумната авторот вели дека премиерот Заев се појавил без вратоврска малку пред полноќ и објави дека референдумот е успешен. Тој не поднесе оставка како што вети па дури отиде до таму што кажа дека и покрај тоа што не гласале 1,1 милион луѓе, „за“ победило, заборавајќи дека тоа така не оди.
„Зоран Заев веќе предолго личи на Алексис Ципрас. И тоа не само заради вратоврските“, заклучува цинично авторот на колумната.
Comments are closed for this post.