Стручната јавност анализира  дека доколку Македонија не добие датум за почеток на преговорите со ЕУ тоа носи ризици, пред сѐ, на внатрешен план за земјата.

-Мислам дека ќе има ризик за земјата, бидејќи целата репутација на Заев е поврзана, од почетокот на кризата, со ЕУ и перспективата за преговори и доколку се одлучи да нема датум, ќе има ефект врз внатрешната политика и ќе има напади врз Заев, повици за нови избори, итн., коментира за МИА историчарот Димитар Бечев.