Северна Македонија како втора бугарска држава е теза на националниот романтизам во Бугарија. Имаше луѓе што долго време сметале дека Македонија може да се ослободи и да стане дел од бугарската држава. Уште кога се појавуваат таквите проекти, тие се крајно нереалистични.
Ова во интервју за 360 степени го изјави бугарскиот историчар Димитар Атанасов.
-Многу е важно да имаме предвид дека Внатрешната ослободителна организација, ТМОРО, подоцна ВМОРО, преку изјавите на своите дејци, не дава основа да мислиме за проектот за автономна Македонија како за втора бугарска држава. Односно, самиот Гоце Делчев пишува за македонска државичка. Таа македонска државичка не изгледа како клон на Бугарија, туку изгледа за македонска автономија во чија основа, некаде длабоко, стојат луѓе со бугарска етничка свест кои застанале зад македонскиот политички проект. Јас не гледам противречност меѓу тие две работи, како што Бугари учествувале во странски национално–ослободителни движења, странци учествувале во бугарски политички проекти, да не заборавиме дека бугарската држава ја ослободуваат руски војски, а не нејзини сопствени војски. Најверојатно, ниту еден од тие луѓе кои дошле да ја ослободуваат Бугарија тоа не го направиле зашто се сметаат за етнички Бугари, изјави меѓу другото Атанасов.
Comments are closed for this post.