Христијан Мицкоски е премиерот кој за првпат го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ, сметаат бугарски аналитичари.

-При официјалната посета на Брисел пред три седмици Мицкоски што ѝ кажа на Урсула фон дер Лајен? Бугарија на реципрочна основа треба да го признае македонското малцинство во Пиринскиот крај. 1947 година Бугарија признала македонско мнозинство. Знаете што кажала Урсула фон дер Лајен? Молчела, ништо не кажала, нема реакција. За првпат Македонија е европеизирана, велат аналитичари од Бугарија.

Мицкоски за време работната посета во Брисел побара да не се додаваат зачини во процесот за евроинтеграции. Кажа дека регионот и државата се уморни од пречки кои се билатерални. Тој присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Тогаш Мицкоски изјави дека во фокусот на агендата на работниот ручек бил Планот за раст на Западниот Балкан на Европската комисија.

„Подвлеков дека регионот и државата се уморни од ставање на страна и пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата и дека мора да се направат поголеми напори за внесување доверба и кредибилност на целиот процес“, потенцираше Мицкоски.

Премиерот натаму нагласил дека ја повторил и нашата заложба за остварување на стратешката цел – членство во Унијата и напредок базиран на реални и одржливи критериуми.