Бугарската „Фондација Македонија“ после влезот во македонскиот фудбал во клуб од втортата или третата лига планира да инвестира голема сума на средства во пет нови медиуми во Македонија.

Виктор Стојанов за „А1он“ вели дека со помош на донации од активисти во организацијата собрале средства за да отворат пет македонски онлајн медиуми во нашата земја кои според него ќе бидат мост на пријателство помеѓу двата народи.

 

 Донациите се од активисти граѓани на Бугарија. Немаме некој голем инвеститор кој вложува сам во овој медиуми проект. Како активност во организација, ова е наша посебна работа да развиваме македонски медиуми во кои ќе работат македонски новинари кои ќе бидат мост на пријателство помеѓу двата народи како што сум забележал дека има такви објективни кои не заземаат ниту една страна. Имаме два медиуми во моментов, подготвуваме уште три и сите тие ќе бидат онлајн – истакна Стојанов за „А1он“.
Повеќе на „А1он.мк“