Бугарија ги поддржува стремежите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ, но стриктно ќе инсистира на исполнување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во текот на целиот преговарачки процес на Република Северна Македонија со ЕУ.

Ова го изјавила бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во разговорот со северномакедонскиот колега Никола Димитров на средбата на државите од Црноморската економска соработка, јавуваат бугарските медиуми.

Захариева и Димитров ги разгледале и резултатите од првата средба на заедничката мешовита комисија за учебниците и историјата, одржана на 10 јуни минатата година во Софија.

Обајцата разговарале и за средбата на комисијата закажана за септември. Захариева и Димитров ја потврдиле неопходноста историчарите од двете страни во Комисијата да ја забрзаат својата работа за до крајот на годинава да бидат донесени одлуки за важни теми од заедничката историја, вклучувајќи ја и содржината на учебниците.