Братот на Ел Чека, Блерим Ахмети, со стотина демонстранти протестираше во Тетово и побара Собранието да го легализира објавувањето на „бомбите“ што ги објавува Фејсбук, под псевдоним Ел Чека.
Демонстрантите побараа оставки од функционерите на ДУИ, владеење на правото, судска разрешница на скандалите од новообјавените „бомби“, како и правда за случаи во кои се инволвирани етнички Албанци.
Бараме од Собранието да иницира процедура со која ќе се поништат одредбите со кои се санкционира објавувањето на прислушувани разговори. Бараме да се поништи овој закон. Венецијанската комисија има донесено одлука дека секој документ кој е од јавен интерес може да биде објавен, изјави Ахмети.
Comments are closed for this post.