ВМРО-ДПМНЕ до утре треба да ги достави предлозите во врска со законот за Специјалното јавно обвинителство, а задутре, в петок, е закажана нова средба на која ќе се разговара за разликите по ова прашање меѓу Владата и опозицијата.

Како што потврди денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, постојат серизони разлики меѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ, кое бара СЈО да биде посебно одделение.

„Дефинитивно за нас како Влада предлог-законот е најсоодветно решение и сметаме дека треба да се имплементира без одоговлекување“, нагласи Бошњаковски