Дебатите за уставните амандмани се отворени и јавни и секој може да учествува и да го каже својот став, истакна на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Јавните дебати почнуваат од денеска и завршуваат во понеделник.
Одговарајќи на новинарско прашање владиниот портпарол истакна дека се поканети широк спектар на говорници и дека меѓу нив има и луѓе, кои размислувале поинаку од владините ставовови и биле активисти и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Отворена покана за учество упатувам до сите кои сметаат дека треба да бидат дел и да го кажат своето мислење. Поканети се сите граѓани на Република Македонија, рече владиниот портпарол.
Наспроти испратените и ваквите, отворени покани, дел од експертите изразуваат резерва за учество во дебатите.
Професорката Гордана Силјановска Давкова е поканета на дебатата во МАНУ, но вели дека се уште размислува дали ќе биде дел од учесниците.
За нацрт-амандманите се организирани пет јавни дебати, кои започнуваат денеска во Владата, а двете послени се закажани за в понеделник во Штип и Тетово.
Comments are closed for this post.