Со една минута молчење за паднатите другари во населбата Диво Насеље, започна судската расправа во Апелациониот суд во Скопје во случајот „Диво Насеље“.

Новинарот на Лајм кој е присутен на седницата објави дека судењето започнало во напната атмосфера.

Кумановската група изразила револт и не и дозволиле на судијката да зборува на македонски, пренесува „Лајм“.

Кумановската Група му се обрати на македонската судијка: Зборувајте албански, тука е Албанија, вие „БЕГАЛЦИ“, сте дојдени овде, рече Вал Зекај од Кумановската група, не дозволувајќи и на судијката да зборува. Него го поддржаа и другите членови на Групата.

Тие добија овластување на адвокатите и ја напуштија седницата.