Болниците немаат болнички возила, хронично болните немаат вакцина против грип, а болните од КОВИД 19 треба сами да си плаќаат терапија на приватно, но затоа општините ширум Македонија, со кои управуваат кадри на СДСМ се расфрлаат со илјадници евра за новогодишно украсување, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Само општина Охрид распишала тендер за изнајмување на монтажна опрема за новогодишно украсување во висина од над 21 илјади евра. Тоа е половина болничко возило, неколку терапии за КОВИД 19 или илјадници вакцини против грип. Иста е ситуацијата и со општина Гази Баба, која ќе се украсува за над 14 илјади евра, во време кога пациенти примаат инфузија во двор на болница. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје повика парите за украсување на градот да се пренаменат за борба против КОВИД 19, Шилегов одби, а по неговите стапки одат сите градоначалници од СДСМ- наведуваат оттаму.
Comments are closed for this post.