Тензично беше на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“. Обвинителката читаше СМС комуникација на Бојан Јовановски и презентираше фогографии на првообвинетиот со личности од политичкиот и бизнис секторот.

Боки најчесто комуницирал со Александар Кирацовски од СДСМ околу проектот за изградба на центарот за стари лица.

Во една од пораките Јовановски му праќа на Кирацовски „скриншот“ од комуникацијата на Боки со премиерот Зоран Заев. Трајче кој се споменува во комуникацијата всушност е Траче Заев, роднина на премиерот.

Денеска судијката Софче Ефремова Гаврилова го исфрли Јовановски од судницата откако тој имаше забелешка на тоа како обвинителката ги презентира доказите.

На излегување тој и рече дека е под притисок дека ќе биде разрешена и оти затоа се плаши на секое споменување на луѓе од политиката.