Бојан Јовановски денеска во писмото до обвинителката Вилма Русковска постави неколку прашања до неа поврзани со неговиот мобилен телефон.Во него има комуникација на Боки со Заев, како и со уште неколкумина политичари како Рашковски, Кирацовски и Љупчо Николовски.

Јовановски нагласува дека  материјалите од неговиот  телефон ги добил по законски пат за време на истрагата за “Рекет”.

Ова се прашањата на Јовановски до Русковска.

1. Госпоѓо Русковска одговорете:
не дали, туку зошто не превземавте никакво службено дејствие, истражна постапка, против Николовски, Заев, Вице Заев и други лица?!?!? (Вилмич ги знаеш ти и сите други многу добро, доволно глумеше правдољубивост)

2. Госпоѓо Русковска дали ќе може да одговорите зошто имате дадено налог да бидат бришени податоци од мојот телефон со ваква слична содржина?!?

3. Госпоѓо Русковска, одговорете јасно и гласно зошто сте ги копирале податоците од мојот телефон на USB пред да бидат избришани за официјалната законска употреба и противзаконски сте ги земале кај себе за ваши потреби?!?!