Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 попладнево од домашен притвор е пренесен во затворот Идризово каде треба да ја издржува деветгодишната затворска казна за случајот „Рекет“, пишува Телма.
Оваа вест за телевизијата ја потврдил и директорот на затворот Јовица Стојановиќ кој посочува дека првите 30 денови Јовановски ќе ги помине во приемното одделение, а потоа ќе биде пефрлен во полуотвореното одделение.
Попладнево судија за извршување санкции го испратил упатниот акт за издржување на правосилната затворска казна, а предметот е испратен и во Гевгелискиот суд, кој сега е надлежен за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која се наоѓа во домашен притвор во нејзината куќа во Гевгелија.
Comments are closed for this post.