Родителите на Боки 13 биле на посета во затворот „Идризово“, каде што нивниот син пред два дена беше претепан од три лица.
Во изјава за „А1он“ Миле Јовановски ја опишува состојбата на својот син.
Бојан има видливи повреди, хематоми по главата, рани по лицето и околу устата, повредена му е левата рака и чувствува константни болки во стомакот, бидејќи тој веќе и има хронично абдоменално заболување, а домската лекарка буквално се изживува и не му пружа никаква медицинска помош и нега, не ја дава задолжителната терапија. Но и покрај сите повреди, линч и тортура, Бојан е психички во одлична кондиција, вели во изјавата Миле Јовановски.
Comments are closed for this post.