По неколку часа распит во Кривичниот суд, судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на Бојан Јовановски – Боки 13. Тој вечерва со полициска придружба излезе од судот и е однесен во „Шутка“.

Во моментот кога тој излегуваше од судот изјава за медиумите даваше обвинителката Вилма Рускоска. Погледнувајќи кон неа на излегување од судот Јовановски прокоментира:

Зборувате лаги“.

На прашање од новинарите до обвинителката дали тоа се однесувало на неа, таа одговори:

Па не знам во моментот и вашата колешка зборуваше, можеби се однесувало на неа“.