Горд сум што бев претседател на Меѓународен сојуз која немаше добиено ниту еден денар државни пари, туку зе финансираше со вмрежување со бизнис секторот и имавме реализирани многу проекти. Горд сум што можам да се пофалам со проектот коj е од големо значење, но кој, за жал, не помина, а тоа е изградба на дом за стари лица, истакна на денешните завршни зборови Бојан Јовановски.

Сподед него, целта на овој процес било дискредитација на него лично и фактите да се заменат со шпекулации, а шпекулациите довеле до обвинение.

-Никого не држев во заблуда, особено не Силјан Мицевски и полномошникот на Дрим Билдинг, Амзоски- убедува Јовановски.

Исто така вели дека немало злоупотреба на политичките власти, односно тогаш актуелната влада. За ваквите обвинувања вели дека апсолуто не се точни.

-Поддршката од Зоран Заев јас лично ја имав од првиот ден од формирањето на Меѓународен сојуз. Поттикот е голема форма ако доаѓа од првиот човек. Дека Заев знаел и бил инфомиран за проектот е неспорен факт -откри Боки.

За сите суми кои биле споменувани,Боки вели дека немало доказ иако убаво звучеле.

-Тортурата кон мене придонесе да се борам како Дон Кихот со ветерници – се пожали Јовановски.