Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и потпретседателката на Нотарската Комора на РМ, Олга Димовска, им го разубавија денот на децата посетители на Дневниот центар за деца со церебрална парализа.
Делејќи им пригодни подароци, Димовска и Богдановиќ им посакаа на децата убаво да ја испратат старата и уште поубаво да ја дочекаат новата 2019-та година.
Новата година е време на дарување. Општина Центар и јас како нејзин градоначалник, на Вас, децата ви посакуваме многу успех и причини за среќа во новата година, но пред сѐ, многу многу здравје и весели моменти, изјави градоначалникот Богдановиќ.
Comments are closed for this post.