Ниту претседателот Пендаровски ниту јас не го поддржуваме коментарот, вели портпаролот на СДСМ Богданка Кузеска преку „Фејсбук“, откако јавноста бурно реагираше на навредите изнесени кон претседателската кандидатка проф. Гордана Силјановска Давкова за време на митингот на партијата во Куманово.
На видеото од митингот се гледа поддржувач на СДСМ кој, меѓудругото, на микрофон ја нарекува Силјановска Давкова „баба“, а и Стево Пендаровски и самата Кузеска се смеат. Таа вели дека поради „масовноста“ не успала да го чуе.
Почитувани пријатели кои ме познавате и кои не ме познавате. По повод коментарот на еден од присутните на митингот на кандидатите на претседател во Куманово, сакам да бидам транспарентна и искрена кон целата јавност. Пред сѐ, поради масовноста на митингот за жал не успеав целосно да го слушнам коментарот на еден од учесниците и да го спречам. Тие кои ме познаваат и како поддржувачи на партијата на којашто сум гласноговорник, но и од сите други политички партии, знаат дека остро ги осудувам коментарите кои се навредливи за жена и знаат дека сум гласна во борбата против говор на омраза кон жените. Така е и во овој случај.
Коментарот е недоличен, навредлив и го осудувам. Ниту претседателот Пендаровски ниту јас не го поддржуваме коментарот, вели Кузеска.
Comments are closed for this post.