За да се вакцинираат 75 % од населението против Ковид19 на Македонија ќе и бидат потребни цели 10 години ако остане овој тренд на имунизација, анализира американскиот влијателен медиум Блумберг.

Македонија заедно со Украина е на убедливото последно место на листата на анализирани земји.
Според истата анализа Србија својата задача ќе ја заврши во текот на оваа година, а Албанија ќе се имунизира за нешто помалку од 4 години.