Владата веќе нема кредибилитет, а скандалот со Специјалното јавно обвинителство е најголем неуспех и разочарување на македонските граѓани и тоа ќе ја кошта земјата во понатамошните аспирации на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО.
Ова го изјави лидерот на движењето Беса, Билал Касами, во интервју за ТВ-емисијата „10 минути“ на телевизија 21.
За жал, во случајот со Македонија важат законите на Марфи. Кога мислиш дека не може полошо овие луѓе во власта те изненадуваат со нешто уште полошо. За жал, апсењето на Катица Јанева е само врвот на сантата мраз од еден огромен скандал, кој и се случи на оваа Влада. Влада која се очекуваш да биде надеж, излезе дека е најголемиот неуспех и разочарување на македонските граѓани, истакна Касами.
Тој смета дека сега е време за предвремени парламентарни избори и оти граѓаните ја изгубиле вербата во оваа власт.
Ако сега не е време за предвремени парламентарни избори, тогаш јас не знам кога во Македонија било понеопходно да се организираат предвремени избори. Во моментите кога граѓаните ја изгубија и последната надеж дека оваа Влада може да го води интегративниот процес, јас мислам дека премиерот Заев треба да собере храброст и да распише предвремени избори. Затоа што граѓаните на Македонија навистина имаат потреба од нова елита политичари и државници кои ќе работат за иднината на евроатланска Македонија, констатираше Касами.
Comments are closed for this post.