Граѓаните на неколку улици во скопските општини Карпош, Центар, Ѓорче Петров и Петровец денеска од час до два часа ќе бидат без електрична енергија, соопштија од РЦУК, по добиеното известување од „ЕВН Македонија“. Причината за прекинот на струјата се технички зафати во дистрибутивната електромрежа.
Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Њуделхиска“ и „Дрезденска“ во општина Карпош.
Од 9 часот, но до 10, во прекин ќе биде снабдувањето со електрична енергија на улица „Благоја Давков“ од бр.10 до бр.16 во општина Центар, како и на улица „Депа Кајова“ во општина Ѓорче Петров.
Во оваа општина, без струја, но од 10.30 до 11.30 часот, ќе бидат корисниците на дел од улицата „Манчу Матак“ поточно околу бр.13, во општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 8.30 до 15.30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ке имаат објектите: наплатна рампа Петровец, „Македонија Пат“ – Петровец, МВР Петровец, село Чојлија (делот кон еродромот), „Јавно претпријатие за државни патишта“ (Петровец) во општина Петровец.
Comments are closed for this post.