Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Карпош, Кисела Вода и Центар, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците околу „Гама Градба“, хотел „Беровиќ“, местото викано Ќупријан во Општина Студеничани.

Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од Бул.„Партизанска“ бр.72 и бр.74 и објектит во нивна близина, ул.„Волгоградска“ бр.1 и бр.2, објкти во нивна близина во Општина Карпош.

Во периодот од 10:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул.„Сердарот“, населба Подстаница Драчево во Општина Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул.„Никола Тесла“ бр.1 и бр.78, ул.„Бранислав Нушиќ“ бр.9 во Општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците на дел од ул.„Милан Марковиќ“ во Општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат ќе бидат корисниците од ул.„Васил Стефановски“ бр.7, Амбасада на Република Црна Гора, дел од ул.„9-ти Мај“ во Општина Центар.