На 64 годишна возраст почина Амди Бајрам.
Од неговата партија Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ) за „Канал 5“ велат дека поранешниот пратеник починал во клиниката „Филип втори“ поради проблеми со срцето.
Дел од медиумите пренесуваат дека бил позитивен на корона вирус, но информацијата официјално не е потврдена.
Бајрам поради здравствени проблеми, во последно време се повлече од политиката. Тој беше поранешен пратеник, специфичен по неговите изјави и говори во Парламентот и пред медиумите.
Comments are closed for this post.