БЕСА најави дека ќе го поддржи новиот закон за јавно обвинителство доколку СЈО остане да функционира како независна институција, а не како составен дел од ЈО.
Пратеникот од БЕСА Фалид Зендели денеска во изјава за медиумите во Собранието рече дека партијата е подготвена да даде поддршка за СЈО да продолжи да работи со полн капацитет, да им се продолжи рокот за иницирање на постапки, а „бомбите“ и натаму да бидат користени како докази во постапките.
Доколку СЈО стане дел од Јавното обвинителство, според БЕСА, ќе се претопи во Јавното обвинителство кое, како што посочуваат оттаму, и досега беше нефункционално. Зендели додаде дека тие како партија ќе бараат гаранција од Владата дека се залагаат за неселективна правда.
Во „бомбите“, потенцира пратеникот Зендели, слушнавме дека многу функционери на ДУИ се вплеткани во криминал, но за нив нема постапки.
Comments are closed for this post.